БОЛОЊЕЗЕ СОС - оригинален рецепт од еден италијански ресторан

Состојки:

250 г мелено говедско месо

250 г мелено свинско месо

100 гр сланина

50 гр сос од домати

50гр путер

3 лажици маслиново масло

1 чаша млеко

1 чаша црвено вино

1 морков

1 црвен кромид

1 целер

1 говедска коцка за супа

300 ml вода

сол

бибер

Подготовка:

Загрејте го путерот на средна јачина и маслиновото масло, па потоа додадете го ситно исечканиот морков. Динстајте додека не омекне 5 – 10 минути

Додадете го ситно исечканиот кромид и целер, па поклопете да се динста се додека се не омекне.

За тоа време исечкајте сланина на ситно и додадете да се динста. Потоа додадете го и меленото месо.

Додадете чаша црвено вино и оставете додека да испари.

Додадете го сосот од домати, сол, бибер и малку растопена говедска супа (1 коцка супа и 300 мл вода. Варете околу 1,5 час до 2 и додавајте ја полега говедската супа.

На крајот додадете чаша млеко.

Млеко се додава по оригиналниот рецепт иако многумина не ставаат.

Добро промешајте и додадете повторно сол и бибер ако е потребно. Варете уште 5 мин.

Послужете со тестенини како шпагети или искористете го во лазањи.

Добар апетит!

nike air max 1 sale