Болниците работат без потребниот број анестезиолози

Со позајмување на кадар од скопските клиники Градската болница 8-ми Септември ќе ги намалува листите на чекање за хируршки интервенции. Анестезиолози од КАРИЛ неколкупати неделно ќе работат и во 8-ми септември за да нема револт кај пациентите кои чекаат за операција. Пред три месеци од болницата во пензија заминале дури четворица лекари од оваа специјалност и од 10 во функција биле само 4 операциони сали.

- Има реакции кај пациенти секако, но сега со анестезиолози од клиника ќе работат 6 сали и ќе се намалат лиситите, особено операции на малигноми и некои други итни интервенции, вели др. Христијан Костов директор на ГОБ 8-ми септември.

Од болницата очекуваат оперативниот блок нормално да работи од наредната година кога ќе ги имаат и првите лекари анестезиолози кои се на специјализација. Дотогаш ќе функционираат со позајмен кадар. И додека кубурат со медицински персонал, од 8-ми Септември немаат проблеми во техничкиот дел. Го ставиле во функција хелиодромот кој е на неколку метри од главниот влез на болницата.

- Го решивме тоа и сега има нормален и соодветен пристап за слетување и тоа за итни пациенти. Значи за половина час од било кој дел на земјата може да биде пренесен итен пациент и да му биде пружена соодветна медицинска нега, вели Костов.

Од ГОБ 8-ми Септември велат дека хелиодромот е само почетокот на владиниот проект за хеликоптерски транспорт нас итните пациенти.