Болни деца во градинките - педијатрите со апел до родителите

Загаденоста во комбинација со вирусите ја наполниле детската болница во Козле. Таму деновиве биле хоспитализирани 85 деца со компликации. А секој ден во дежурните амбуланти прегледувале по стотина болни деца. Слична била состојбата и на Клиниката за Детски болести.

Голем дел од родителите денес работат и нема друг начин да ги згрижат своите деца освен да ги носат во градиника. Секако дека мешањето на големи групи деца носи поголем ризик за пренос на инфекции, особено пради фактот што дел од родителите за жал носат и болни или не докрај излечени деца во градинка. Но инфекциите се јавуваат и кај деца кои се чуваат дома.

Родителите, бабите и дедовците кои излегуваат од дома и се во контакт со други луѓе можат да ги донесат и пренесат инфекциите на децата. Во сезона на грип, еднакво подложни се децата кои одат во градинка и оние кои седат дома.

Сепак педијатрите апелират до раководителите на градинките  да ги советуваат родителите чии деца се веќе со инфект  да ги држат  децата дома за да не се шират инфекциите меѓу децата.