Боки 13: Пред вас стои следниот лидер на оваа земја

На крајот од своето неколкучасовно сведочење, првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, порача дека по завршувањето на процесот планира да се занимава со политика бидејќи е политички затвореник.

„За вас можеби ќе биде банално, некои аналитичари можеби ќе сметаат дека сум полудел, од овој момент кажувам дека пред вас стои следниот лидер на оваа земја и планирам да се занимавам со политика, рече Боки 13.

Сепак, претходно ја праша судијката дали ќе му гарантираат безбедност по денешниот исказ.