Боки 13 до Рускоска: Не се дери, потивко

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Во разговорот меѓу Боки 13 и Орце Камчев, се вклучи и Вилма Рускоска.

- Јас како менаџер на ТВ можам да барам пари за реклама колку сакам, како што ти можеш да бараш пари за операции кои се неуспешни, рече Боки кон Камчев.

Рускоска се уфрли со зборовите - Тој не е менаџер, тој е невработен, на што Боки 13 и врати - Не се дери, потивко.