Стефан Богоев, новиот градоначалник на општина Карпош, објави слики од скап прочистувач на воздух од швајцарската компанија IQAir кој бил набавен за просториите на поранешниот градоначалник Јакимовски.

„Додека карпошани дишеле загаден воздух, Стевчо во канцеларија дишел воздух од "Швајцарски Алпи", напиша Богоев на Твитер.

Според понудите на интернет кои може да се најдат за прочистувачите на воздух на IQAir кои штитат од штетните последици на загадувањето цените на уредите се движат од 1300 до 1600 евра.