Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за катната кај „Автомакедонија“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ вчера на прес конференција излезе со соспротивен став од обвинителите кои тврдат дека до нив не се доставени докази од Општината, за малверзации околу барокната катна гаража за која има судска пресуда дека може да почне да се гради на земјиште кај „Автомакедонија“ во центарот на Скопје.

Прес конференцијата следуваше откако Јавното обвинителство излезе со соопштение дека од општина Центар не ги доставиле дополнителните материјали по кривичните пријави кои биле побарани од нив и со тоа не приложиле докази.

Нека ни каже Обвинителството дали сме во право за да знаеме како понатаму да постапиме. Не знам што уште треба да направам за да отворат предмет. Да земам да се самозапалам за да реагира некој, изјави Богдановиќ.