Активистот од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски во средата вечер доживеал сообраќајна несреќа во близина на Универзалната сала.
Илиевски, вели дека е добар и се прашува од каде толкава омраза мислејќи на функционерот од СДСМ кој вечерта на несреќата му се смеел.
„Ако бев и јас мала шуга ко нив, ќе го прогласев ова за обид за убиство. Фала богу ниту сум, ниту беше таков обид, дечкото не беше под дејство на алкохол, исто како и шоферот на нашата кола, но за жал ј….а ни возачка дозвола ни 18 години имаше. Други описи се небитни, човек е човек, згрешил за среќа без последици (освен објавите на вакви мегаморонски постови „бетмен славеше мандат кекеке““, напиша Илиевски на својот Фејсбук профил.