Богатството на градот: Скопското маало во подножјето на Калето на самиот брег на реката Вардар

Еврејско маало (понекогаш наречено Еврејско Чивутско маало или Чивутана) — скопско маало било сместено во подножјето на Калето на самиот брег на реката Вардар, во продолжение на Пајко маало.

Маалото сѐ до крајот на XIX век, било едно од најсиромашните и најконзервативните четврти на Скопје до кое не допреле речиси никакви промени. Во почетокот на XX век, со збогатувањето на неговите жители на овој простор започнале да никнуваат поголеми и поубави куќи со европски архитектонски елементи на градба и стилови, кафеани со бавчи, кои почнале да го менуваат неговиот изглед, особено по должината на реката Вардар. Таков е примерот со Народниот театар, чија изградба траела во периодот 1921-1927 година, како и зградата на скопската општина, урната во земјотресот од 1963 година.

По земјотресот ова маало е урнато и на негово место се направени улици и меѓуградската автобуска станица на чие место денеска постои музеј посветен на холокаустот.