Богата жетва на пајакот на ПОЦ

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатата седмица санкционираа 331 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 11-ти до 17-ти ноември, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 182 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 149 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“ се наведува во извештајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар ги потсетуваат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила со цел одржување на ред и безбедност на улиците.