Богата програма на 13 издание на „Звуците на Чаршијата“

Градоначалникот Шилегов вчеравечер во Старата скопска чаршија присуствуваше на традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“. Шилегов на бројните посетители им посака да уживаат во богатата музичка и културно уметничка програма што ги нуди оваа мултимедијална и мултикултурна манифестација во срцето на Скопје.

Голем број концерти, изложби, фолклорни настапи, поезија, филм, ликовна колонија и презентација на стари занаети се дел од богата програма на овогодинешното 13 издание на „Звуците на Чаршијата“. 

Манифестацијата е во организација на Културно-информативниот центар (КИЦ), а се реализира со финансиска поддршка од Град Скопје.