Боемството во Скопје: Боемите имале свој посебен стил и елеганција, но да се биде боем, не значело само да се седи во кафеана

Боемството во Скопје, било познато уште многу одамна. Скопје е препознатливо по боемството, кое на градот му давало посебен белег и специфика.

Боемите најпрвин ги посетувале ановите и кафеаните во Чаршијата, за да бидат подоцна и новите ресторани, кои се отвораат од десната страна на Вардар, нивно собиралиште.

Скопските боеми имале свој посебен стил и елеганција. Токму тој стил, но и слободниот, критички однос кон општеството и средината, кон конвенциите, клишеата и нормите кои го задушувале и затапувале духот и инвенцијата, биле нивна препознатливост.

Да се биде боем, не значело само да се седи во кафеана. Тие се изделувале токму по тој слободен дух и неконвенционалноста. А кафеаната, се разбира, бил нивниот природен елемент, без кој не се можело.