Вчера претпладне на ул.„Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ч. (37) од с. Рашче, скопско, и патничко возило „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(50) од Скопје.
Во незгодата со повреди се здобил Н.Ч. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.