Блокирана улицата пред кривичен суд: протестираат поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ (Фото)

Улицата пред Основниот суд Скопје 1 попладнево е блокирана со возила на граѓани кои им даваат поддршка на обвинетите во случаите за кои вчера Специјалното јавно обвинителство поднесе 17 обвиненија.

Собир имаше и вчера вечерта откако материјалите со обвиненијата од СЈО беа доставени до Кривичниот суд во Скопје.

Во Кривичниот суд веќе се распоредени предметите кај судиите кои треба да одлучат по обвинувањата и барањата на СЈО за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор.

Специјалното јавно обвинителство вчера покрена 17 обвиненија за 18 предмети против вкупно 94 физички и седум правни лица и побара мерка притвор за 18 лица и мерка претпазливост за 47 лица.