Блокиран сообраќајот на мостот Гоце Делчев, поради сообраќајка

Речи си целосно е блокиран сообраќајот на мостот Гоце Делчев поради мала сообраќајна несреќа под Стоковна куќа Мост. Колоната автомобили се протега на сите страни од раскрсницата кај Мавровка, пренесува Пресс24.

Според она што можеше да се види на терен, материјалната штета е мала и нема повредени.Нема информации кога ќе се нормализира сообраќајот.