Благоја Крстевски најдобар полицаец за 2017 година во Гази Баба

Општина Гази Баба традиционално доделува награда за најдобар полицаец од Полициската станица Гази Баба. 

Оваа година тоа е полицаецот Благоја Крстевски, на кого градоначалникот Борис Георгиевски му врачи награда од 20.000 денари.

– Општина Гази Баба на овој начин се заблагодарува на сите вработени во полициската станица, посебно на полицаецот кој покажал најдобри резултати во работењето во 2017 година. Воедно, ова е и начин да се поттикнат сите вработени во ПС Гази Баба да дадат максимум во реализацијата на своите професионални обврски, што резултираат со вакви или слични награди и признанија, информираат од Општината.