Благодарници до сите институции и компании кои се приклучија кон големата акција за чистење на Карпош

Општина Карпош испрати благодарници до сите општествено одговорни институции и компании кои се приклучија кон големата викенд акција за чистење на Карпош.

Градоначалникот Стефан Богоев  им се заблагодари за нивниот придонес и ангажман во обидот да се подигне јавната свест, но и да се испрати порака дека секој носи одговорност за здрава и чиста животна средина.

Општина Карпош продолжува со секојдневното и тековно одржување на јавната хигиена, а овие акции ќе бидат пракса и во иднина.