Black Friday во Skopje City Mall: Лажни попусти, високи цени и празни продавници

 

Кој би рекол дека сликите со гужви пред големите молови и продавници од САД ќе ги видиме во живо и кај нас и кој би рекол дека во Скопје може да се купи производ по навистина ниски цени и навистина на попуст. И токму тоа што не можеме да го замислиме за жал не може да се оствари во реалноста.

Од целата оваа глобална слика за Black Friday кај нас може да видиме само големи паноа со наводни попусти и реалноста повторна иста: Високи цени, нереален попуст и се е сведено само на маркетинг и промоција.

Долгонајавуваниот голем, огромен и феноменален попуст на Skopje City Mall уште една покажа дека е само маркетиншки трик за привлекување потрошувачи.

Помпезната најава за голема еуфорија утрово покажа нешто сосема друго: еден обичен петок, како и сите други. Купувачите повторно разочарани коментираа дека ниту има попуст, па ниту намалени цени.

На фотографијата се гледа еден од продажните објекти во нашиот најголем шопинг центар. Ниту метеж, ниту гужва, ниту редици. Обичен работен ден како и сите други.

Скопјеинфо вчера ги повика сите трговци да докажат реален попуст со тоа ќе добијат бесплатна реклама на најчитаниот градски информатор. До овој момент ниту еден не го направи тоа.