Бизнис понуда од Неотел за мали и средни фирми

Телекомуникацискиот оператор Неотел започна промоција наменета за малите и средни претпријатија со специјална понуда на своите интернет-пакети. Сите оние што ќе склучат договор на 24 месеци за кои било од понудените пакети добиваат 500 денари попуст на месечната претплата до истекувањето на договорот. Понудата вклучува пакети од 20 Mbps до 100 Mbps за оние кои бараат брз и стабилен интернет за својата фирма.  Сите заинтересирани може да ја искористат поволноста со склучување договор до крајот април.

НЕОТЕЛ е телекомуникациски оператор со големо искуство во обезбедување квалитетни и достапни телекомуникациски решенија за деловни корисници. Бројни компании ги користат и препорачуваат услугите токму поради високо достапните услуги и, секако, поради квалитетната техничка поддршка достапна 24/7.

Покрај понудата за интернет-пакети пренесувани преку различни типови технологии (безжично како и оптичко поврзување) Неотел нуди и фиксна телефонија со тарифирање по секунда, разни професионални податочни услуги како хостирање податоци, Cloud Computing, колокација во високодостапен Дата центар, како и пренос на податоци по безбедни и високодостапни врски.

За повеќе детали околу актуелната промоција притиснете на следниот линк.