Бизнис модел кој ќе ви овозможи да го остварите вашиот сон за финансиска независност

Нетворк маркетинг„брзорастечката бранша“ на иднината им нуди на претприемачите многу шанси за кариера со многу минимален ризик. Чекорите се едноставни и најверојатно веќе ви се добро познати, односно самостојните бизнис партнери им продаваат производи или услуги директно на потрошувачите, и тие дополнителноја прошируваат својата мрежа на продажни партнери, кои исто така им препорачуваат и продавaат производи и услуги на потрошувачите и интегрираат уште повеќе продажни партнери, кои повторно го прават истото. Оние кои долгорочно ќе го имплементираат овој принцип на дуплирање и притоа ќе се докажат како лидери, ќе ги постават темелите за успешен бизнис.

Lyconet лојалната програма, која континуирано расте како стабилна основа за индивидуален бизнис, нуди неограничени можности за вмрежување и поддршка во сите области и многубројни ексклузивни предности за успешен старт во нетворк маркетингот.Taaе брзорастечка компанија, која според веб страната на https://www.businessforhome.org/ e рангиранана прво мeсто како најдобра компанија за нетворк маркетинг.

Компанијата e основана во Австрија во 2003 година, а денес е распоространета во 48 земји на 6 континенти со активна шопинг заедница која брои 350 илјади маркетери низ целиот свет.Lyconet овозможува да работите со сопствена лојална програма со којаимате можност да градите сопствена шопинг мрежа, а каде ваша едноставна задача е да ги мотивирате членовите да пазаруваат кај трговски партнери.Доколку сакате уште повеќе да ја зголемите продуктивноста на вашиот бизнис, имате можност и да стекнетедополнителни Lyconet Маркетери во вашата изградена мрежа, кои исто така ќе вршат аквизиција на потрошувачи и трговски партнери за Cashback World и тие ќе ја градат нивната сопствена мрежа.

Една од најголемите предности на Lyconet е тоа што без разлика во која држава се наоѓате заработките на членовите не варираат, односно сите членови во сите земји напредуваат според ист начин и заработуваат еднакво, зачленувањето е бесплатно и компензацискиот план е целосно транспарентен и достапенна нивните веб страни, па можете да го преземете и да го разгледате пред самото зачленување и да одлучите дали токму овој бизнис модел ќе ви одговара. Дополнително, оваа компанија постојано работи за своите членови, доказ еи фактот што секоја година одржува глобален Elite Club Seminarна кој присуствуваат сите Lyconetмаркетери од целиот свет, меѓу кои и илјадници маркетери од Македонија.

На настанот присуствуваат истакнати светски говорници, претприемачи, селебритис, шоумени, кои им пружаат уникатни обуки и незаборавни моменти на сите присутни.

Доколку се одлучите да станете член на Lyconet заедницата, вашите предностисе следните: старт на бизнис модел без ризик; слободна распределба на времето;работите независно од локацијата; баланс помеѓу времето поминато на работа и со семејството; фер плаќање според учинок; самостојна работа и перспектива за финансиска независност. Lyconet одамна го препозна огромниот потенцијал на нетворк маркетингот како начин на продажба, па затоа им нуди на своите маркетери можност да изградат меѓународна кариера преку изградбата на сопствената шопинг заедница.

Со овој бизнис модел ќе добиете уникатни шанси за кариера, професионални алатки и сервиси, сеопфатни обуки во таканаречената Lyconet Academy и ефикасна поддршка во сите области.Милиони луѓе веќе успеаа да изградат дополнителен приход преку нетврок маркетингот и да си го остварат сонот за финансиска независност благодарение на Lyconet.