Битолски сирења од пастеризирано млеко за поздраво уживање

Сирењето е еден од најраспространетите прехранбени производи. Постојат над 500 видови сирења во целиот свет, но во зависност од начинот на разликување на видовите, таа бројка се зголемува и до неколку илјади.

Иако постојат многу различни начини за производство на сирења низ целиот свет, општиот заклучок е дека сирењата произведени од пастеризирано млеко се далеку побезбедни и поздрави во однос на оние што се произведени од непастеризирано млеко. При традиционалното производство на сирење во индивидуалните земјоделски стопанства и помалите млекарници, млекото не се пастеризира со што постои ризик за пренесување на микроорганизми кои може да предизвикаат одредени болести кај консументите.

Безбедноста на сирењата е далеку поголема преку пастеризацијата, која вклучува загревање на млекото со цел елиминација на патогените и останатите непожелни бактерии кои можат да го нарушат вкусот или во најлош случај здравјето на консументот.

Бимилк е еден од производителите на сирења кои при процесот на производство секогаш го пастеризира млекото со што се уништуваат сите ризици за пренесување на непожелни микроорганизми.

Бимилк преку индустрискиот начин на производство на сирењата врши бактофугација и деаерација на млекото при што се отстрануваат непожелните мириси, механичката нечистотија во млекото, како и бактериските спори.

За поздраво уживање, Битолските сирења содржат и 20% помалку сол, богати се со многу хранливи материи, протеини, калциум и витамини, а воопшто не содржат конзерванси, растителни масти, емулгатори и вештачки бои.

Мисијата да вложува во модернизација на технологиите на производството, во функција на здравјето на консументите, останува долгорочна и примарна стратешка определба на Бимилк.