Битолски јогурт во кругот на познатите семејства (ФОТО)

Веќе добро е познато дека Битолскиот јогурт е секогаш во кругот на семејството. Тој ги негува семејните вредности, традицијата и заедничките семејни моменти, но знае и да изненадува, да поттикнува дружење и заедничко уживање околу трпезата.

Така, во интересна акција, Битолскиот јогурт беше присутен и во кругот на познатите семејства. Знаејќи дека поради нивната ангажираност во јавниот живот, тие, несомнено, се грижат за своето добро здравје и добриот изглед, препознатливото Битолско чупе ги посети во нивниот дом и им достави уникатни подароци.

Шармантната Маја Гроздановска-Панчева, сопруга на познатиот фудбалер Дарко Панчев, нè пречека со отворена врата, а ќерките Надица и Марија беа особено изненадени од подарокот.

Панчеви велат дека доброто здравје и внесот на витамини и хранливи материи се особено важни за нивната исхрана, но она што е императив за време на нивниот оброк е токму собирањето на целото семејство.

Битолското чупе ги посети и Сања Ристиќ и Дејан Пецаковски, познатиот пар што од неодамна го имаат и третиот но најважен член – Иан. Се разбира, пријателите од Бимилк не го изоставија ниту него, па и тој си доби своја уникатна шолјичка.

Сања, меѓу другото, е позната и по својот активен начин на живот и е голем промотор на практикувањето здрави навики, па Битолскиот јогурт ѝ дојде како полн погодок. Дотолку повеќе што и за малиот Иан е исклучително важно да внесува дополнителна количина калциум, кој е потребен за правилен раст и развој на неговите коски.

Во оваа интересна акција не беа изоставени ниту внучињата на познатата актерка Снежана Коневска-Руси, Павел и Саша. „Кај баба е најубаво“, често знаат да кажат тие, а изненадувањето на врата им го направи денот уште поубав.

„Внуците ми се најголема радост“, вели Снежана, а кога тие ги внесуваат сите потребни минерали и витамини, јас сум најсреќна. „Да бидам искрена, и за мене е многу важно што Битолскиот јогурт позитивно влијае врз линијата и врз крвниот притисок, и е одличен во комбинација со секаков вид храна во кој било период од годината“, ни рече Снежана.

Додека овие 3 семејства уживаат во пријатниот вкус на Битолскиот јогурт во кругот на своите најблиски, Битолското чупе и пријателите на Бимилк се подготвуваат за нова авантура да изненадат нови семејства на кои, исто така, ќе им го направат денот поубав.