Битолчанка тешко повредена во сообраќајка

На улица „Филип Втори Македонски" во Битола вчера во попладневните часови автомобил „хјундаи", управуван од 29-годишен битолчанец удрил во пешак, 45-годишна жена од Битола.

Во незгодата жената е тешко повредена и била пренесена во Општата болница Битола за укажување лекарска помош.

На местото на настанот бил извршен увид од екипа од СВР Битола.