Битолчанец го засили Галатасарај

Сердар Азиз потпиша договор со славниот турски тим. Неговото потекло е од Македонија.

Сердар Азиз го комплетираше договорот со Галатасарај. Фудбалерот на турската фудбалска репрезентација има потекло од Македонија. Неговиот татко е од Битола, а тој имаше понуда да настапува и за нашиот национален тим во времето кога селектор беше Велшанецот Џон Тошак. Меѓутоа ја одби понудата, и се реши за Турција. До сега настапуваше во Бурса и игра на позицијата стопер.

Во турскиот национален тим и Емре Мор има македонски корени. Поточно неговата мајка е Македонка, и тој имаше понуда не само од Македонија, туку и од Данска, ама на крајот се реши за Турција.