БИТКА ЗА РАБОТНИЦИ: Им требаат уште 200 луѓе, има сместување и храна- отворени врати и за Македонците

Во Хрватска се случува парадокс, иако има висока стапка на невработеност, сепак има недостиг од квалификувана работна сила во скоро сите сектори. 

Посебно во секторот туризам се бараат работници кои се стручни и искусни, а многу од Хрватите среќата си ја побараа во Ирска. 

Лани во туризмот имало недостиг од 15.000 работници, а оваа година се потребни 20.000 работници. 

Хотелските компаниии кои вработија 2000 работници, бараат уште 200 за кои има редовни плати, храна и сместување, а велат дека отворени се вратите и за Македонците.

Станува збор за работни места во Пореч. 

Се смета дека за да се надмине овој проблем, потребно е да се зголемат платите и да се зголемат работничките права.