“Биодиверзитетот и природата” кампања за јакнење на еколошката свест во ОУ „Гоце Делчев" во Љубанци

Во ОУ" Гоце Делчев" во село Љубанци,под мотото “Биодиверзитетот и природата” се одржа четвртиот ден од кампањата за јакнење на еколошката свест ОНЛАЈН СО ПРИРОДАТА, под покровителство на Општина Бутел.

Градоначалникот на Општина Бутел г-динот Велимир Смилевски, во своето поздравно обраќање го означи за отворен четвртиот ден од кампањата и упати порака до младите генерации,преку индивидуалната грижа на секој поединец за зачувување на животната средина,да го даде и својот придонес за одржување на богатата флора и фауна која бележи диверзитет токму на оваа природна убавина која е украс на Општина Бутел.

Учениците од основното училиште зедоа активно учество преку изработка на проекти во 5 тимови, кои на креативен начин ги преставија нивните еко-изработки како и презентација од спроведеното истражување на флората и фауна која ја оплеменува Скопска Црна Гора и околните села.

Најзначајна беше дебатата што се водеше меѓу учениците и екомотиваторот г-ѓа Наталија Малевска и градоначалникот Велимир Смилевски.Се разменија значајни прашања и одговори на темата што се обработуваше, но и воопшто за екологијата во општината и нашата држава.