Аронијата е билка која со право го носи прекарот билка која е дар од Бога. Популарна и се повеќе барана на пазарите.

Станува збор за аронијата-растение кое го штити здравјето, го подобрува имунитетот и ја прочистува крвта. Го намалува холестеролот, делува за слабеење, го намалува ризикот од срцеви и други тешки болести. Го спречува и стареењето и помага и за надворешната убавина.

Според процентите, еден хектар земја со аронија може да донесе 12.000 евра, па затоа стана се попопуларна и за бизнис.

Една од главните карактеристики на аронијата се преубавите бели цветови кои се наоѓаат на врвот од растението. Цвета кон крајот на април. Листовите се овални, со назабен раб, во вегетацијата имаат темнозелена боја, а на есен добиваат декоративна, топло црвена боја.

Дури после развојот на листовите, кон крајот на април, се покажуваат првите цветови. Одредени цветови имаат бела боја, широки се 12 милиметри и собрани во гроздови. Гроздовите најчесто се состојат од 10 до 15, а на врвовите имаат и по 30 цветови. Цветањето трае околу 10 дена, при што секој цвет поединечно цвета само 5 дена. Цветовите воглавно ги опрашуваат пчели, но можно е и опрашување со ветер. Аронијата е самооплодувачка билка.

Одгледувањето на аронија започнало во поранешна СССР. Уште на почетокот на 20-ти век славниот руски биолог Иван Мичурин вкрстил аронија со видовите Сорбус и Месплус. Со оглед на тоа дека искуствата со тој вид диви овошја биле добри, аронијата во 1946 година во СССР прв пат била призната како вид овошје препорачано за одгледување во областа Алтај.

Следните години се садело во големи количини. Така, само во 1948 година на подрачјето на денешен Санкт Петерсбург биле засадени 20.000 садници, во различни експериментални насади. Во 1971 година аронијата во Русија била засадена на вкупно 5400 хектари.