Билетите за „Златна Бубамара на популарноста“ пуштени во продажба

„Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, пред нас е 21. издание на Златна БУБАМАРА, кое е - задолжително.Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено што ни преостанува е - добрата забава!

Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС!Затоа излезете од општествениот притвор и отворете порти за многу подобар живот!

„Златна Бубамара“ ќе се оддржи за прв пат во Вип арената „Борис Трајковски“ на 22 февруари.Патни трошоци не ви признаваме, а за се друго Че разговараме. И да знаете - колку и да трае Че си седите!

Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 24 јануари, точно во 12:369 часот  (не е грешка) преку www.mktickets.mk и на други продажни места за кои дополнително ќе ве известиме, а кои се познати по продажба на билети“, пишува во соопштението од организаторот на 21 издание на оваа манифестација. .