Интерактивен билборд кој „кашла“ кога пушач ќе помине покрај него деновиве е поставен во главниот град на Шведска. 

На еден од градските плоштади во Стокхолм поставен е интерактивен билборд, опремен со детектори за чад. Кога пушач ќе помине во близина, човекот од екранот реагира со тоа што се накашлува, сакајќи да ја пренесе пораката за штетноста на цигарите. Шведската фармацефтска компанија „Апотек Хјертат“ се реши преку оваа кампања да се погрижи за јавното здравје. За разлика од повеќето фармацефтски гиганти во светот кои примарно се грижат за своите профити, оваа шведска компанија реши да направи чекор за подигање на јавната свест за здравјето и штетноста на чадот од цигарите. 

По повод новата година тие решија преку оваа иницијатива да ги охрабрат пушачите да ја остават оваа лоша и застарена, а пред се многу штетна навика. Изненадувањето на минувачите, особено на оние кои се пушачи може да се забележи на видеото. Ова е интересен начин да се допре до оние кои на сопствено знаење го уништуваат сопственото здравје, но и ги изложуваат на ризик пасивните пушачи.