„Бикот“ на улицата Македонија се уште е без опашка

Шест месеци на никого не му текнува да стави нова опашка на скулптурата „Бик“ на улицата Македонија во Скопје. Опашката на бикот, дело на авторот Дарко Дуковски, беше скршена лани во ноември, а тогаш од Музејот на современа уметност (МСУ) кажаа дека ќе биде поправена, пишува СДК

„Направена е проценка и записник, известено е Министерството за внатрешни работи. Зачудувачки е како е можно скулптура од брозна да биде уништена. Ќе се санира штетата“, рекоа лани во ноември од МСУ.

Од Музејот на добивме одговор зошто уште не е поставена нова опашка на бикот. Директорката Мира Гаќина не одговараше на нејзиниот мобилен телефон.

Во рамките на проектот „Скопје 2014“ низ центарот на Скопје во 2009 беа поставени 35 скулптури, меѓу кои и бикот кој чинеше 26.560 евра. Дуковски, авторот на скулпурата излеана во бронза и тешка тон и пол, која е реплика на „Бик“ на Волстрит во Њујорк, делото го објаснувашe како манифестација на сила, но и древен македонски симбол на плодноста. Освен првата награда од 500 евра на конкурсот распишан од Министерството за култура, за изработка на „Бикот“ и на скулптурата „Градската плажа“ на Дуковски му се исплатени над 50.000 евра.