Биди жена која знае кога да си замине

Пред некој ден бев со другарките на кафе, кога една од нив, среде разговор ни кажа: „Не сум среќна во бракот, ама останувам поради детето.“ Тоа беше најболната реченица која сум ја чула тој ден. Да кажеш: „Не сум среќна“ е исто како да кажеш „Живеам во пекол“. Поради глупави причини остануваш во пеколот и постојано страдаш.

Имам слушнато многу слични приказни: од пријатели, членови на семејство, дури и од самата себе.

„Останувам во бракот затоа што децата треба да растат со татко.“

„Останувам само заради парите и децата.“

„Останувам затоа што мислам дека никој друг нема да ме сака како него.“

Некогаш велиме дека мораме да ја жртвуваме својата среќа заради децата. Некогаш се обвинуваме самите себеси за сета болка, малтретирање и непочитување кои ги добиваме од партнерите. Ниту една жена не би требало да остане во врска во која се чувствува како да е во кафез.

Ако таа будала се однесува со тебе како да си ѓубре – ЗАМИНИ СИ.

Биди жена која знае кога да си замине затоа што не се чувствува убаво.

Биди жена која кога некој ја навредува и ѝ вели дека е глупава, ќе го погледне кретенот во очи, ќе му покаже среден прст и ќе си отиде.

Напушти го. Дури и ако си го скршиш сопственото срце, бидејќи знаеш дека времето ќе ги залечи раните. Биди паметна.

Напушти го. Дури и ако тоа значи дека со себе ќе го земеш и твоето расплакано дете. Како ќе бидеш покрај твоето дете ако не можеш да бидеш тука сама за себе? Ако останеш ќе направиш поголема штета.

Напушти го. Затоа што знаеш дека ниту една количина глупости не може да биде доволна причина за да не одбереш слобода и среќа. Клучот за бегство од кафезот е во твоите раце. Дозволи си себеси да бидеш слободна.

Напушти го. Ако останеш со него само од навика, тоа е срање. Врзана си, а не си заљубена.

Напушти го. Дури и ако те потресе тоа и ако плачеш поради тоа. Ќе биде болно, ама нема да те уништи. Знаеш длабоко во твојата уморна душа дека тоа на крај ќе се исплати.

Твојата љубов кон себеси и детето ќе ти даде сѐ што ти е потребно за да продолжиш понатаму.

Биди среќна жена.

Силна си, остави ја несреќната и тргни кон љубовта која ја заслужуваш.

adidas Dame 5 X Marvel 'Black Panther'