Биди жена која знае кога да си отиде...

Пред некој ден бев на кафе со другарките и како и секогаш зборувавме за љубов, мажи, бракови и слично. Секој за своето. И една од нив одеднаш рече: „Всушност јас воопшто не сум среќна во бракот, ама останувам само заради детето“. Тоа беше најболната реченица која ја чув тој ден.

Кога ќе кажеш: „Не сум среќна“, исто како да си кажала дека си во пеколот. Можеби не си во пеколот, но ја чувствуваш сета болка и сето страдање. Поради глупави причини остануваш во пеколот и натаму страдаш.

Сум чула безброј вакви слични приказни: од пријателки, од членови на семејстов, па дури и од самата себе.

„Останувам во бракот само за децата да не растат без татко.“

„Останувам заради тоа што ги делиме трошоците и заради децата.“

„Останувам со него само затоа што мислам дека никој нема да ме сака како него...“

„Останувам со него само затоа што сме заедно повеќе од 10 години и не знам што би правела во животот без него.“

Ова се реченици кои повеќе звучат како „умирам“, „се плашам“ и „не сум доволно силна“, а не како реченици исполнети со љубов и пожртвуваност.

Некогаш велиме: „Морам да ја жртвувам својата среќа поради среќата на моите деца.“

Некогаш дури и се обвинуваме себеси за сета болка, малтретирање и непочитување кои ги добиваме од нив.

Ниту една жена не би требало да остане во врска во која се чувствува како да е во кафез.

Ако таа будала се однесува со тебе како да си ѓубре – отиди си.

Биди жена која знае кога да го напушти домот, бракот и врските затоа што повеќе не ти е пријатно.

Биди жена која кога слуша навреди и кога мажот те нарекува глупава, погледни го кретенот во очи, покажи му среден прст и отиди си. Напушти го. Дури и ако тоа значи дека ќе си го скршиш сопственото срце, затоа што знаеш дека времето ќе ги залечи раните. Биди паметна.

Напушти го. Дури и ако тоа значи дека со себе ќе го поведеш и расплаканото дете. Затоа што како ќе го сакаш детето ако не се сакаш самата себе. Како ќе бидеш покрај своето дете, ако не можеш да бидеш покрај самата себе?

Напушти го. Затоа што не сакаш децата да растат гледајќи како таткото не ја почитува и како ја навредува нивната мајка. Тоа ќе создаде повеќе штета отколку твоето заминување.

Напушти го. Затоа што знаеш дека ниту една количина глупости, не може да биде доволна причина за да не ја одбереш сопствената слобода и среќа. Клучот за бегство од тој кафез е во твоите раце, а тоа е само да го напуштиш. Искористи го тоа и дозволи си да бидеш среќна.

Напушти го. Ако остануваш само поради навиката, тогаш ти си врзана, а не заљубена.

Напушти го. Дури и ако тоа те потресе и ако плачеш поради тоа. Нема да умреш. Ќе биде болно, но нема да те уништи. Длабоко во себе, во својата уморна душа знаеш дека тоа ќе ти донесе среќа на долг рок.

Напушти го. Знаеш дека не е важно колку е тешко или тоа дека работите можат да бидат несигурни ако си заминеш. Знаеш дека сѐ ќе биде во ред ако го ослободиш своето срце и ако бидеш слободна и среќна како што заслужуваш.

Ова веќе го докажавме, универзумот секогаш ни го дава она што ни треба.

Твојата љубов кон себе ќе ти даде сѐ што ти е потребно за да продолжиш понатаму.

Биди среќна жена, затоа што твојата среќа ќе ти биде ѕвезда-водилка.

Силна си, остави ја несреќата и бори се за љубовта која ја заслужуваш.