Биди трпелив со мене, не сум навикната да сакам некого...

До дечкото за кого имам чувства, а не знам како да ги покажам,

Сакам да ти кажам дека немам проблем со тоа да бидам во врска. Никогаш нема да треба да се плашиш дека ќе бидеш заменет од друг маж. Ти си единствениот во мојот живот. Работите со кои ќе се треба да се натпреваруваш се следниве:

Мојот распоред.
Мојата самотија.
Мојата слобода.

Знам дека те фрустрира. Но, ти ветувам дека се трудам. Затоа те замолувам да бидеш трпелив. Ти се обидуваш да срушиш ѕид кој го градев со години. Дури и ако те туркам од себе, тоа не е затоа што не се грижам за тебе, туку затоа што се плашам од тоа колку многу се грижам за тебе.

Те молам биди трпелив кога ќе ти кажам дека не сакам да преспијам кај тебе. Не сум навикната на тоа некој да сака да биде со мене наутро исто колку што сака да биде и за време на ноќта.

Те молам биди трпелив кога не те канам кај мене дома. Тоа е моето катче, местото каде што се чувствувам најранлива и сѐ уште не сум подготвена да ти го откријам тој дел од мене.

Те молам биди трпелив кога излегувам со другарките. Тие секогаш биле единствената константа во мојот живот и секогаш се тука за мене.

Јас го сакам животот кој го живеам и си имам мој свет, но сакам да те пуштам внатре.

И можеби еден ден тоа ќе се случи.

Можеби еден ден нема да сакам да побегнам од тебе кога ќе дојде утрото.

Можеби еден ден, мојот дом ќе биде и твој дом.

Можеби еден ден, ти ќе бидеш константата во мојот живот.

Затоа, те молам биди трпелив. Затоа што мислам дека ти вредиш за сите промени кои треба да ги направам во мојот живот. И се надевам дека и ти мислиш дека вредам.