Биди трпелив со мене, не сум навикната да сакам некого...

За мажот за кој се плашам да се врзам.

Сакам прво да ти кажам дека немам проблем со моногамијата, туку со врзувањето. Никогаш нема да треба да се натпреваруваш со други мажи. Ти си единствениот маж во мојот живот. Работите со кои ќе треба да се натпреваруваш?

Мојот распоред.
Мојата самотија.
Мојата слобода.

Знам дека фрустрира. Но, ветувам дека се трудам. Затоа, те молам да бидеш трпелив. Ти рушиш ѕид кој бил изграден уште пред многу години. Дури и кога те туркам од мене, не е поради тоа што не се грижам за тебе, туку затоа што се плашам од тоа колку многу се грижам.

Те молам биди трпелив кога не сакам да останам да преспијам кај тебе, не сум навикната некој да сака да биде со мене наутро исто како што сака да биде со мене навечер.

Те молам биди трпелив кога нема да те поканам кај мене дома. Тоа е мојата комфорна зона. Тоа е местото каде што сум најранлива и не сум подготвена да ти го покажам тој дел од мене.

Те молам биди трпелив кога ќе те откачам за да се дружам со другарките. Моите другарки биле секогаш покрај мене и секогаш ќе бидат.

Го сакам мојот живот, но сакам да те пуштам внатре.

И можеби еден ден работите ќе се сменат.

Можеби еден ден нема да посакам да избегам од кај тебе кога сонцето ќе изгрее.

Можеби еден ден мојот дом ќе биде твој дом.

Можеби еден ден ти ќе бидеш константата во мојот живот.

Затоа, те молам, биди трпелив. Затоа што мислам дека вредиш за сите промени кои треба да ги направам во мојот живот. И се надевам ќе сфатиш дека и јас вредам.