Бидете здрави, а не само слаби

Секогаш кога доаѓаат топлите денови, ние жените сѐ почесто се гледаме и мериме пред огледало и се разбира најчесто ги забележуваме наталожените масти на „критичните зони“, без да помислиме дека тие може да бидат показател за хормонски дисбаланс, а еве и како:

  • Вишок масти на надлактиците, умор, пад на либидо – овие работи често се знаци за ДЕФИЦИТ НА ТЕСТОСТЕРОН. Проблемот може да се реши со оддржување на стабилни вредности на глукоза во крвта (со избегнување на рафинирани јаглехидрати), зголемено внесување на омега 3 масни киселини и тренинзи со тегови.

  • Голем задник, вишок на колкови и бутови може да настане поради ВИШОК естроген, па затоа треба да избегнувате дополнително внесување на естроген кој се наоѓа во пестициди, пластика, козметика и јадете повеќе органска храна.

  • Масните наслаги кои се наталожуваат високо на бутовите често се случуваат поради ЗГОЛЕМЕН ИНСУЛИН, а тоа може да укажува и на дијабетес 2. Кај оваа состојба важно е да имате повеќе мали оброци со низок глицерински индекс и секој ден да внесувате една лажичка ( 5 грама) цимет.

  • Кога масните наслаги ни се таложат околу градникот, тоа може да укажува на дисбаланс на хормоните на штитните жлезди и важно е да обезбедите соодветно примање на јод, цинк и да ги елиминирате рафинираните масла од исхраната.

  • Масните наслаги на стомакот често се случуваат поради ВИСОКО НИВО НА КОРТИЗОЛ, па затоа е важно навечер да спиете 8 часа, да пиете магнезиум, да избегнувате кофеин и да пиете чај од камилица.

Драги мои, за да дојдеме до целта, треба да ја пронајдеме причината, а не само да ги третираме симптомите. Проблемите постојат за да се решат, зарем не?