Бидете личност полна со љубов и ќе привлекувате такви луѓе во вашиот живот

Ако сакате да привлечете љубов во вашиот живот, ќе морате прво да споделувате љубов. Афирмациите кои денес ви ги презентираме ќе ви помогнат да станете личност полна со љубов.

Луѓето не можат да живеат без воздух, храна, вода и љубов. Како што можете да видите, меѓу четирите неопходни работи за живот, само љубовта е нематеријалната. Пронајдете ја љубовта во вашиот живот со помош на овие позитивни афирмации за љубов.

Љубовта има многу облици. Љубов меѓу мајката и нејзиното дете, помеѓу пријатели, партнери, итн. Во овој или во оној облик, љубовта мора да постои во нашиот живот.  Меѓутоа, само затоа што сакате љубов, не значи и дека ќе добиете љубов. Прво морате вие да дадете љубов, а дури тогаш ќе можете да добиете љубов назад. А за да давате љубов, прво мора да се сакате себеси.

Постојат различни начини на искажување љубов. Некои сакаат да се допираат и да чувствуваат, некои сакаат да слушаат љубовни шепотења во уво, а некои сакаат да покажуваат љубов преку подароци.

Бидете личност полна со љубов. Ние ги привлекуваме луѓето кои се огледало на нашите карактеристики, па така ако сакате луѓето да ве сакаат, подобро да почнете да ги сакате луѓето и користете љубовни афирмации.

Афирмациите кои ќе ги прочитате подолу нека бидат ваши водилки. Измислете и свои сопствени доколку така чувствувате. Комбинирајте неколку афирмации за да привлечете љубов во вашиот живот и повторувајте ги секој ден, по неколку пати дневно.

Ќе видите дека како што проаѓа времето, ќе чувствувате сѐ повеќе љубов и ќе привлечете љубов во вашиот живот.

Љубовни афирмации

Јас сум опкружен/а со љубов и сѐ е во ред.

Моето срце е секогаш отворено и јас ширам љубов.

Сите мои односи се долги, трајни и полни со љубов.

Јас ги гледам сите работи со очи полни со љубов и ги сакам сите работи кои ги гледам.

Во животот секогаш го добивам тоа што го давам и затоа секогаш давам љубов.

Јас заслужувам љубов и ја добивам во изобилство.

Јас ги привлекувам луѓето полни со љубов, а мојот живот е полн со радост.

Јас се сакам себеси и ги сакам другите, а за возврат сите ме сакаат мене.

Каде и да одам, јас наоѓам љубов. Животот е убав.

Во сите мои односи, со моите родители, браќата, сестрите, мојот животен партнер или пријателите, јас секогаш давам само љубов и барам љубов.

Јас давам љубов, а мене ми се враќа уште повеќе отколку сум дал/а.

Јас сум во љубов со прекрасна личност која е грижлива, лојална и има разбирање за мене.

Ви посакуваме сѐ најдобро и особено ви посакуваме да ја најдете љубовта која толку ја посакувате и заслужувате.