Би сакала да знам да сакам...

Би сакала да знам да сакам,
но такашто љубовта ќе ја почувствувам како
свеж воздух и како слобода.

Би сакала да можам да сакам
на начин со кој би ти го дала сѐ она што ти треба,
и да знам тоа да го почувствувам со леснотија
и да не барам ништо за возврат.

Би сакал да знам да сакам на тој начин
дури и кога не се чувствувам сакана.

Во мене да има доволно од сѐ.
Да не сум скршена од минатото,
ниту пак тажна поради неисполнетата сегашност.

Да сум подобра од она што сум сега,
Да сум поголема и посилна.
Да знам да возвратам на љубовта,
ама со иста мера, не премногу, не премалку.

Таман... Доволно...

Би сакала да можам да научам како да те имам
и несебично да те споделувам.
Да знам кога е доста, а кога е премалку.
Среќна со она што го имам.

Би сакала да не бидам уморна од
незнаењето како да те сакам само за себе.
Од постојаните средби самата со себе.

Би сакала да имам повеќе сила.
Би сакала да не сум уморна од овие мали умирања,
од постојаното паѓање по секое станување.
Би сакала повеќе да ме сакаат.
Повеќе да разбирам.

Би сакала понекогаш да сум помалку празна, а повеќе силна.
Повеќе своја, повеќе мудра, повеќе вредна сама за себе.
Да знам како да го прифатам она што не можам да го променам.

Да знам кога да останам, а кога да си отидам.
Кои битки да ги водам, а кои да ги предадам.

Би сакала да знам како да те насмеам,
како да те дадам, како да те пуштам, како да те издигнам,
како да те имам, без да посакувам да те поседувам.

Би сакала да знам како да те сакам.
Да бидеш свој, да бидеш среќен.
Да бидеш слободен, а да бидеш мој.

Навистина би сакала да знам така да сакам.

Јела Перан