Би сакала да знам да сакам,
но на тој начин што љубовта ќе ја почувствуваш
како свеж воздух и како слобода.
Би сакала да можам да сакам
такашто ќе ти го дадам она што ти е потребно.
И да знам да го почувствувам тоа со леснотија
и да не барам ништо за возврат.
Би сакал да знам да сакам на тој начин.
Би сакала да можам да сакам
и тогаш кога не се чувствувам сакана.
Сакам во мене да има доволно од сѐ,
Сакам да не сум скршена од минатото,
Сакам да сум подобра од она што сум сега,
Сакам да сум поголема и посилна.
Сакам да знам да возвратам љубов
со иста мера, не премногу и не премалку.
Таман... доволно...
Би сакала да можам да научам како да те имам,
несебично да можам да те делам.
Да знам кога е доста, а кога премалку.
Среќна со токму онолку колку што имам.

Би сакала да не сум уморна од незнаење
како да те сакам само за себе.
Од постојани средби сама со себе.
Би сакала да имам повеќе сила.
Би сакала да не сум уморна од
овие мали умирања.
Од постојано паѓање
после станување.

Би сакала да бидам сакана повеќе од себе.
Би сакала повеќе да разбирам.
Би сакала понекогаш да сум помалку празна,
а почесто силна.
Повеќе своја, помудра, повеќе да си бидам вредна сама на себе.
Сакам помалку да посакувам, помалку да ми треба,
Да знам како да го прифатам она
што не можам да го променам.
Да знам кога да останам, а кога да си отидам.
Кои битки да ги водам, а кои да ги оставам.
Би сакала да знам како да те насмеам,
како да те дадам, како да те пуштам, издигнам,
како да те имам, а да не сакам да те поседувам.

Би сакала да знам како да те сакам...
Да бидеш свој, да бидеш среќен.
Да бидеш слободен, а да бидеш мој.
Навистина би сакала да знам да сакам на тој начин...