Безживотното тело најдено вчера е на сириец кој имал фалсификувани шпански документи

32 годишен државјанин на Сирија е човекот чие безживотно тело беше најдено вчера на Шар Планина над селото Вејце на пат кон планинскот врв Кобилица, соопшти денес СВР Тетово.  Откако беше најдено телото, извршен е увид од екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина при што била констатирана смрт без траги на насилство.

-При увидот, било утврдено дека најверојатно станува збор за 32-годишниот сириски државјанин М.Р., кој поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија, а кој на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен како исчезнат, информира денес тетовската полиција. 

Вчера околу 11 часот, планинар од тетовско планинарско друштво, кое се движело на тој терен, во СВР Тетово пријавил дека над тетовското село Вејце, на патот кон планинскиот врв Кобилица, забележале безживотно машко тело. Потоа со хеликоптер на МВР полицајци и доктор по судска медицина се упатиле на местото и извршиле увид, По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.