Безвременски животни лекции од Аристотел!

Нема човек кој не знае за Аристотел, еден од најголемите филозофи на сите времиња. Ученикот на Платон и учителот на Александар Македонски бил познат по својата интелигенција, но и по својата мудрост.

Иако живеел многу, многу одамна, неговите зборови се уште одекнуваат и се уште не’ учат на многу важни работи. Прочитајте само дел од неговите мудри мисли.

„Да се познавате себеси е почетокот на целата мудрост.“

„Обележје на образованиот ум е да биде способен да размислува за некоја идеја, без да ја прифати.“

„Трпението е горко, но неговите плодови се слатки.“

„Задоволството од работата го става совршенството во работата.“

„Токму во нашите најтемни моменти ние мораме да се фокусираме на светлината.“

„За да избегнете критики не кажувајте ништо, не правете ништо и бидете ништо.“

„Исклучителноста никогаш не е случајна. Таа е секогаш резултат на високи цели, искрен напор и интелигентно спроведување. Таа го претставува мудриот избор покрај толку многу алтернативи – Изборот, а не случајноста, е тоа што ја определува вашата судбина.“

„Мудриот човек не се изложува себеси на непотребна опасност, затоа што има неколку работи за кои доволно се грижи. Но, во големи кризи, тој е подготвен и да го даде својот живот, знаејќи дека под одредени услови едноставно не вреди да се живее.“

„Најлошата форма на нееднаквост е да се обидете да ги направите нееднаквите работи еднакви.“

„Младите постојано се во состојба која личи на пијанство.“

„Ни стануваме праведни со тоа што правиме праведни постапки, умерени затоа што правиме умерени постапки и храбри затоа што правиме храбри постапки.“

„Не постои голема генијалност без микс на лудило.“

„Тие што знаат – прават. Тие што разбираат – подучуваат.“

„Ние сме тоа што постојано го правиме. Исклучителноста не е чин, туку навика.“

„Ние му се воодушевуваме на човекот кој се лути за вистинските работи и на вистинските луѓе, на вистинскиот начин, во вистинскиот момент и во вистинското времетраење.“

„Не може да направите ништо на овој свет без храброст. Тоа е најдобриот квалитет покрај честа.“

„Младоста лесно може да биде измамена, затоа што е склона кон надевање.“

„Оној кој може да живее сам или е Бог или е ѕвер.“