Колку пати се наоѓаме во ситуација кога бараме помош и поддршка од своите најблиски за ситуациите со кои се соочуваме? Колку пати сме во ситуација да можеме на другите да им дадеме најдобар совет, но да не можеме истото да го направиме за себеси?

Ова се неколку безвремнски совети за животот и љубовта, кои ќе ни помогнат да ги надминеме многуте ситуации во кои ќе се најдеме во животот.

Никогаш не поминувајте премногу време со некој кој ве прави да се чувствувате како да не вредите.

Знајте кога е време да си заминете.

Сакањето е глагол, а не именка.

Можете многу да научите за љубовта на луѓето по тоа како се однесуваат кон вас кога се лути на вас.

Кога една светилка во вашиот дом ќе се расипе, вие ја менувате светилката, а не домот.

Ниту една врска не е совршена и не може да постои без конфликтите. Тоа што е важно е желбата да се решат проблемите.

Секогаш борете се со проблемот, а не со личноста.

Самодовербата не значи дека знаете дека на сите им се допаѓате, туку дека немате проблем дали им се допаѓате или не.

Тревата не е позелена кај другите, позелена е онаму каде што вложувате во неа.

Престанете да ја барате вистинската личност. Вие бидете таа личност.

Личноста која помалку се грижи во врската има помалку контрола.

Секогаш бидете првите кои искрено ќе се извинат после кавга со оние кои ви значат.

Подобро е да се биде среќен, отколку во право.

Само поради тоа што некој не ве сака како што вие посакувате, не значи дека тие не ве сакаат воопшто.

Потребни се две среќни личности за една среќна врска.

Ако светот не даваше втора шанса, сите ќе бевме сами.

Не се заљубувајте во тоа што може да биде една личност, туку тоа што е таа во тој момент.

Љубовта бара восхитување, а не поседување.

Не одете лути на спиење.

Врските не треба да се премногу тешки. Ако се, веројатно сте со погрешната личност.

Љубовта не е само чувство. Чувствата избледуваат. Љубовта е избор.