Безвременски фрази кои сите ги слушаме од нашите мајки: „Добро, ти имаш ли куќа?“

Каде и да сте родени, сигурно сте ги слушнале овие безвременски фрази кои секоја мајка ги кажува на своите деца.

Кога бевме деца можеби и ни пречеа, но денес со насмевка се сеќаваме на нив, а некои од нас кои веќе имаат деца можеби се фаќаат себеси како ги користат баш истите фрази.

Ова се реченици кои сме ги чуле безброј пати, се сеќавате ли на нив?

„Кога ќе пораснеш ќе сфатиш!“

„Облечи нешто на нозете, ќе настинеш!“

„Облечи маица, бубрезите што ќе кажат!“

„Јас кога бев на твои години...“

„Не ме интересира што прават другите деца, туку ти!“

„Како може другите деца да го прават тоа и тоа, а ти не!“

„Затоа што јас така кажувам!“

„Гледај во мене додека ти зборувам!“

„Добро, гледаш ли колку е часот?“

„Јас сум те родила, јас ќе ти кажувам!“

„За ова дома ќе се разбереме.“

„Добро, во чамец ли си роден/а?“

„Ист/а си како татко ти!“

„Кога ќе имаш деца ќе правиме муабет!“

„Твоја единствена обврска е да учиш!“

„Со памет во глава.“

„Ај, ај, ќе дојдеш на моето еден ден.“

„Добро, ти имаш ли куќа?“

„Додека живееш под мојот кров...“

„Да си се нацртал/а пред мене во истава секунда!“