Бездомните кучиња „декор“ на скопските улици: Граѓаните загрижени, кучињата небезбедни

Последниве години низ скопските улици се забележува се поголем број на бездомни кучиња. Состојбата е загрижувачка за граѓаните се загрижени, а животните остануваат небезбедни на улиците. Стационарот „Вардариште“ моментно е празен, а јавното приватно претпријатие што би требало да ги преземе надлежностите на „Вардариште“ уште е во најава.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов признава дека се доцни со реконструкцијата на „Лајка“, но очекува дека многу брзо ќе се земе контрола и на тој систем. Директорката на „Лајка“, Тина Петрушевска ќе излезе во јавност кога ќе биде изгласана новата програма и кога ќе се почне со работа.

Испреплетени се многу надлежности од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Град Скопје, останатите општини кои исто така имаат обврска да направат стационар, но нема ниту една општина во нашиот град што има стационар и таму ќе ни треба макотрпно спроведување на политиките што ќе ги креира Градот“, вели Шилегов.

Здружението „Анима мунди“ вели дека проблемот со бездомните кучиња ескалира, а како што велат, градоначалникот останува затворен за нивните барања. Радмила Пешева од „Анима мунди“ нагласува дека пратиле неколку предлози до градоначалникот за овој проблем, но комуникацијата останала еднонасочна. Таа останува на ставот дека „Лајка“ нема да го реши проблемот.

Шест „Лајки“ да направи Шилегов, нема да го решат проблемот. Ништо нема да нè спаси сега. Затоа што прво проблемот е ескалиран, второ „Лајка“ како јавно претпријатие, да речеме дека ќе почне да работи како што налага програмата, тоа е само еден дел од целиот спектар мерки. Скопје има проксимативно шест илјади кучиња. Вие не можете шест илјади кучиња да сместите во стационар. Тоа не е одржливо, тоа е економски неизводливо“, тврди Пешева.

Таа вели дека проблемот не само што е статус кво, туку тој ескалира, а институциите се сметаат за ненадлежни.„Градоначалниците можеа да применат мерки за одговорно сопствеништво, да си ги земат комуналните инспектори, да им ги прошират ингеренциите и да го проверуваат одговорното сопствеништво со читачи. Можеа да вметнат даноци, дадовме и таков предлог. Данок откако сите ќе се исчипираат, данок на некастрирано куче, зашто тоа е потенцијален проблем. Имаме неконтролирано размножување“, вели Пешева.

Според ветеринарот Воислав Димитровски од „ВетСвет“, проблемот со уличните кучиња во државава веќе оди во насока што не е посакувана.„Последните неколку години, генерално, властите и институциите што треба да се грижат за овој проблем го занемарија. Реално во моментот нема спроведени конкретни мерки што ќе придонесат за подобрување на состојбата или контролирање на проблемот со бездомните кучиња, вели ветеринарот Димитровски.

Професорот на Факултетот за ветеринарна медицина, Влатко Илиески смета дека менаџментот на бездомните кучиња е комплексна работа што бара повеќе надлежности за решавање на проблемот.„Кога зборуваме за преземање мерки за намалување на бројот на бездомните кучиња, секогаш можеме да кажеме дека не е доволно затоа што менаџментот на бездомните кучиња е комплексна работа и треба да се организира поголем дел од општеството, Градот и другите институции за да се реши тој проблем“, наведе Илиески.

Целиот текст прочитајте го на НоваТВ.