Без вода делови на Центар

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради поврзување нова водоводна мрежа со димензија ф-100 мм на крстосницата на улицата Орце Николов со улицата Коле Неделковски, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Орце Николов (од улицата Мирослав Крлежа до улицата Аминта Трети), улицата Ѓорѓи Пешков и дел од улицата 8 Март. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот во општина Центар.