Без вода дел од жителите од населба „Ченто“

Поради дефект днес без вода ќе бидат дел од жителите од населба „Ченто“.

„Ве известуваме дека на ден 10.10.2019 поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Товарник 25б“, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улицата „Среќко Пужалка“ и „Товарник“ населба „Ченто“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:00 часот до завршување“, информираат од ЈП „Водовод и канализација-Скопје“.