Без струја утре делови од две скопски општини

Дел од корисниците во општините Сарај и Центар утре ќе бидат без напојување со електрична енергија заради закажани технички зафати.

РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“ АД соопшти дека без електрична енергија утре од 9 до 14:30 ќе бидат корисниците од ул.„10“ во село Сарај, а во време од 08:30 до 15 часот дел од улиците „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, „Кукушта“ и дел од бул.„Св. Климент Охридски“ во општина Центар.