Без струја утре делови од Центар и Карпош

Без електрична енергија утре од 08:00 до 11:30 часот ќе бидат корисниците на дел од улица „Максим Горки“ објект број 3, во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја од 09:00 до 10:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“ број 55, 55-а, 59 и 63, „Руѓер Бошковиќ“ бр. 1, градинката „Распена Младост“, улица „Орце Николов“ број 153 и 153-а, и Центарот за странски јазици и
улица „Гиго Михајловски“ бр. 6 и 10, во општина Капрош.