Без струја утре дел од неколку скопски општини

Поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје, утре без стуја ќе останат дел од општините Центар, Чучер Сандево и Зелениково, соопшти РЦУК Скопје.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците на ул. 11 Октомври броевите 14, 16, 18, ул. Даме Груев бр. 1 и објектите околу зелено пазарче во Општина Центар.

Без струја од 9 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од ул. Борка Талески во Општина Центар, како и дел од село Танушевци, Караула Танушевци, село Кучевиште, село Малино, село Брест, дел од село Мирковци, село Побожје, село Бродец во Општина Чучер Сандево.

Од 12 до 16 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на булевар Климент Охридски број 52 и број 54 во Општина Центар, а од 8:30 до 16 часот и дел од корисниците на село Вражале во Општина Зелениково.