Без струја ќе останат неколку скопски населби

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром и Илинден.

Па, така, без струја во периодот од 8 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата Лазар Поп Трајков - згради со броевите 20, 21, 22 и 23, улицата Христо Ботев - згради со броевите 1, 2, 3, 4, 5 и 6, и улицата Ташко Караџа - згради со броевите 6, 8, 10 и 12 (општина Гази Баба), во периодот од 8 до 15 часот корисниците од дел од улицата 102 во селото Волково (општина Ѓорче Петров), од 9 до 11 часот корисниците од дел од улицата Веле Марков (општина Ѓорче Петров), од 8.30 до 11.30 часот корисниците од дел од улицата 1439 во населбата Пинтија (општина Кисела Вода).

Од 8.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата Тодор Чангов - делот од главната улица по ресторанот „Едера“ (општина Аеродром) и од 9.50 до 12.15 часот корисниците од улиците 11, 12, 13 и дел од улицата 1 во с. Кадино (општина Илинден).