Без струја денеска дел од општините Чучер Сандево и Бутел

Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од дел од општините Чучер Сандево и Бутел.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од селата Побожје и Бродец, како и селата Брест, Танушевци и Малино, а од 10:00 до 13:00 часот корисниците од дел од улицата „Хо Ши Мин“.

Како што соопштува Центарот за управување со кризи, прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.